Смеење до солзи на промоцијата на „Лакрдиите на Паја“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 02 Април 2016 11:10   

 

Очекувано, преполно гледилиште, смеење до солзи, многу емоции, автограми, фотографирање и убава музика ја одбележа промоцијата на втората книга на култниот кавадаречки лик, Златко Вузевски - Паја, збирката вицови „Лакрдиите на Паја“.


Златко Вузевски - Паја е еден и единствен, неговата моќ да ги претвори вицовите во уметност е уникатна, а тоа го признаа, не само оние кои што синоќа беа во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, туку и оние повеќе од 32000 членови на фејсбук групата „глупости 100% Паја“.


Навраќајќи се на промоцијата на книгата низ која во улога на модератор не водеше актерот и пријател на Вузевски, Александар Малинков, на сцената прв го видовме Марјан Тодоровски, блузер, колумнист, близок пријател на Вузевски, и еден од најзаслужните во подготовката на книгата, нејзиното издавање и промоција. Во свој стил, поетичен, хумористичен, но секогаш искрен Душко Стефанов ги измеша емоциите со насмевките на гледалиштето, за потоа на сцената да го видиме и специјалниот гостин на вечерта, Љупчо Бубо Каров, кој до солзи ја засмеа публиката, иако во својот говор посветен на авторот не заборави да напомене дека го познава авторот од мал и дека голем дел од својата инспирација за скечеви ја црпи токму од неговите вицови.

 


Хуморот остана на сцената и по заминувањето на Каров, затоа што Диме Коцевски и Видан Станоев во улогите на Мара и Блажо продолжија да ја засмеваат публиката, за потоа и да го најават Златко Вузевски, кој им се заблагодари на сите оние кои помогнаа во реализацијата на неговата втора книга, меѓу кои и на покровителот, Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, притоа не заборавајќи да ги почести присутните со неколку вицови од својот репертоар.


Книгата која е посветена на семејството Вузевски, многу наскоро ќе може да се најде и во слободна продажба, а информациите за тоа каде и по која цена ќе може истата да се купи ќе бидат објавени во следните неколку денови.

 

<<<ФОТО>>>




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov