Фени „инвестира“ во иднината PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 10 Јуни 2014 13:41   

  

Новиот проект за враќањето на Фени во врвот на македонската кошарка очигледно не е со краткорочна цел, па новото раководство покрај тоа што активно работи на креирањето на тимот за следната сезона, размислува и за наредните неколку години. На тоа покрај успесите на младинските М-18 и М-16 тимови, укажуваат и двата договори со големите надежи на македонската кошарка, кавадарчанецот Милан Милков и Предраг Пајиќ од Вардар.


Центарот Милан Милков кој е продукт на академијата на кошаркарскиот клуб Фени Индустри деновиве го стави потписот на својот прв професионален договор со кавадаречкиот клуб. Напорните тренинзи и големиот напредок во играта на младинскиот репрезентативец го промовираа во првотимец уште минатата сезона, во која високиот кавадарчанец имаше скромна минутажа, но сезонава тренерот Малинков сигурно ќе очекува многу повеќе од големата надеж на кавадаречката кошарка.


Од претходно потпис на договорот со Фени стави и Предраг Пајиќ, 21 годишниот член на Вардар Апаве кој кавадаречката публика го памети не само од сезонските настапи во дресот на Вардар, туку и како МВП на завршниот фајнл фор во младинската М-20 категорија кој пред 2 години се играше во Кавадарци.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov